Petar Jankov
Поддршка на културните настани во општината!
Во нашата програма предвидуваме развој и унапредување на културниот живот преку организирање на регионален џез и рок фестивал со натпреварувачки карактер за млади таленти.
Ќе воспоставиме соработка со национални и меѓународни фестивали – како „Игор Маџиров“, „Струшки вечери на поезијата“ и Националниот џез оркестар – за да ја донесеме културата поблиску до граѓаните. 📚
Планираме нови традиционални манифестации како фотографска изложба, фестивал на афоризми и карикатура, како и поддршка за Струмичкиот карневал и локалните културно-уметнички друштва. 🎨
Нашата цел е јасна – Струмица да стане центар на културата, уметноста и младинскиот дух во југоисточна Македонија! 🇲🇰
